НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ИЗБОРИ 2024 – Излези и гласај!!

0
By Marija Todorovska on April 8, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

НОВА во повеќе дневни продолженија и со посебни тематски наслови објавува серија содржински сегменти од едукативната публикација на ЦИВИЛ – Центар за слобода „СЀ ШТО САКАВТЕ ДА ЗНАЕТЕ ЗА ИЗБОРИТЕ“ посветена на јакнење на јавната свест, едукација и мобилизација на граѓанките и граѓаните за подобрување на изборните процеси.

Едукативните текстови на авторскиот тим на Цивил се посветени на различни аспекти на изборните процеси како за организацијата на изборите, избирачката администрација, изборните материјали, избирачкиот список, гласачките ливчиња, кампањите, изборниот молк, можни нерегуларности во процесот и на повеќе други аспекти.                                                     

Серијал на НОВА: Избори 2024 – Излези и гласај!!                                                                                     

Избирачки список:

Изборните процеси во Република Северна Македонија често се со појави на одредени нерегуларности. Доминираат оние поврзани со Избирачкиот список. Списокот на избирачи практично е регистар по кој се води Државната изборна комисија (ДИК), а на изборниот ден тоа е документот што одредува кој има право на глас. 

Избирачкиот список во Изборниот законик е дефиниран како јавна исправа што се води за целата територија на државата, врз чија основа се спроведуваат изборите и референдумите на државно и локално ниво. ДИК е единствено надлежна за ажурирање на Избирачкиот список. 

Избирачкиот список содржи податоци на граѓанките и граѓаните што покажуваат дека наполниле 18 години живот, имаат деловна способност, постојано престојувалиште во местото каде што се врши изборот – изборната единица, општината или Град Скопје. 

Државјаните што на денот на изборите се на привремена работа или престој во странство, a се запишани во Избирачкиот список врз основа на евиденцијата од надлежниот орган и пријавата за гласање, тие имаат право на глас за избор на претседател на државата и избор на пратеници во Собранието во дипломатско – конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во странство, односно во конзуларните канцеларии. 

ДИК врши запишување, дополнување и бришење на податоците во Избирачкиот список, најчесто додека трае јавниот увид во Списокот, иако според Изборниот закон имаат право да вршат проверка на податоците во текот на целата година. Во принцип, граѓаните сами се пријавуваат во некои од подрачните одделенија и канцеларии на ДИК. 

За гласачите е битно да знаат дека, според Изборниот законик, ДИК е надлежна да ги заштити податоците од Избирачкиот список.

    

Избирачки список Избори 2024 излези и гласај
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.