Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ИЗБОРИ 2024 – Излези и гласај!!

0
By Marija Todorovska on April 9, 2024 ТЕМА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 9, 2024 09:15

НОВА во повеќе дневни продолженија и со посебни тематски наслови објавува серија содржински сегменти од едукативната публикација на ЦИВИЛ – Центар за слобода „СЀ ШТО САКАВТЕ ДА ЗНАЕТЕ ЗА ИЗБОРИТЕ“ посветена на јакнење на јавната свест, едукација и мобилизација на граѓанките и граѓаните за подобрување на изборните процеси.

Едукативните текстови на авторскиот тим на Цивил се посветени на различни аспекти на изборните процеси како за организацијата на изборите, избирачката администрација, изборните материјали, избирачкиот список, гласачките ливчиња, кампањите, изборниот молк, можни нерегуларности во процесот и на повеќе други аспекти.

Серијал на НОВА: Избори 2024 – Излези и гласај!!        

Изборна администрација:

Изборната администрација ја сочинуваат вработените во стручната служба на Државната изборна комисија (ДИК), членовите на изборните органи, секретарите на општинските изборни комисии (ОИК), нивните заменици и други лица времено ангажирани за изборен процес во помошните тела на ДИК. 

Со стручната служба на ДИК раководи генерален секретар кој е надлежен за сите вработени во неа, со статус на државни службеници. Изборните органи се надлежни за спроведување на изборните дејствија на самиот ден на гласање. Секој од изборните органи има свој претседател, членови и нивни заменици. 

Општинските изборни комисии имаат надлежности во општината во која се формирани, односно Град Скопје, кога станува збор за локални избори. Тие се надлежни за спроведување на изборните дејствија во изборните единици и избирачките места онака како што се определени со Изборниот законик. 

Претседателите, замениците и членовите на ОИК се избираат од вработените во државната, општинската и администрацијата на градот Скопје, со високо образование, по случаен избор, за време од пет години. Нивни надлежности, меѓу другото, се и именување на составот на избирачките одбори (ИО), разрешување на членовите на ИО во случај на нивно противзаконско работење пред денот на изборите и на денот на изборите, издаваат упатство за работење на избирачките одбори и се надлежни за нивната едукација.

Општинските изборни комисии (ОИК) ја контролираат законитоста на работењето на избирачките одбори (ИО) и интервенираат во случаите кога е констатирана повреда на законитоста во подготовките, кандидирањето и спроведувањето и утврдувањето на резултатите на изборите како и на упатствата и препораките дадени од неа. 

ОИК се надлежни и за приемот на целокупниот изборен материјал од избирачките одбори, ги сумираат резултатите од гласањето за листата на кандидати од избирачките места за кои се надлежни, составуваат записници и ги предаваат на ДИК.

Една од важните функции на ОИК е да ги информираат гласачите за местото на гласање. 

                                                                   

Дик Избори 2024 излези и гласај
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 26, 2026

САД извршија нови напади врз Иран

ВЕСТИ June 26, 2026

Беа погодени ракетени магацини, дронови и радарски локации покрај брегот на Оман, како одговор на…

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.