Published: Thursday, January 22, 2015 11:23
Тринаесет луѓе загинаа утрово во Доњецк, кога при бомбардирање на градот, една граната погодила тролејбус, пренесува изјава на Иван Приходко, претставник на градската власт, агенцијата АФП.
Во тролејбусот загинале 12 луѓе, а едно лице го загубило животот во возилото што поминувало во самата близина. Во нападот биле ранети и десетина лица.
И во средата при бомбардирање на кварт во близина на аеродромот во самопрогласената Доњецка Република, каде што се одвиваат жестоки борби меѓу украинската војска и проруските бунтовници, загина едно лице во автобус кој исто бил погоден од граната.




