Претседателски избори 2024
Делчево, 5 април
Максим Димитриевски:
- Не сме сите исти. Ги охрабрувам граѓаните да обрнат внимание, да ги анализираат сите понуди од сите кандидати и на крајот да донесат одлука.
- Гласачите да излезат масовно на избори, да се одважат и својата поддршка да ја дадат на оној кандидат за кој што сметаат дека ја заслужува.
- Сум работел, работам и ќе продолжам да работам за граѓаните и сметам дека може работите да ги вратиме во нормала бидејќи во моментов живееме во едно зависно друштво кое што е зависно и заложник на политички субјекти, партии кои што се менуваат од година во година.