Претседателски избори 2024
Струга, 5 април
Гордана Силјановска Давкова:
- Ќе бидеме горди на Македонија, ако имаме држава стандардна, средена, втемелена во владеењето на правото.
- Градот, но и во државата, народот може да живее од туризам и култура, односно културен туризам.
- Европската унија доделува годишно по 10 награди на најуспешни писатели од земји членки во Унијата, но и дека од Македонија има тројца такви добитници, иако не сме членка. Треба да ја славиме уметноста и да се насочиме кон културата.
- За мали држави образованието, спортот, науката и културата ќе ве направат големи, особено ако развивате и културна дипломатија, ако развивате економска дипломатија.
- Моето искуство надвор, во Венецијанската комисија и во Советот на Европа, налага поинаков однос кон мене кога ќе кажам дека ја претставувам мојата Македонија, вашата Македонија. Да си ја повратиме твојата Македонија.
- Претседателската функција ќе ја направам пристојна и одоговрна, функција што ќе ја претстави Македонија како горда и Европска држава.
- Ќе бидеме горди на Македонија и на Струга, ако имаме држава која е стандардна, средена, втемелена во владеењето на правото.
- Ќе ги амнестирам осудените од 27-ми април, а правна држава не може да се гради со, според неа, администрација преполнета со партиски послушници и политички војници.
- Во Уставниот суд треба да седат двајца судии или две судијки, предложени од претседателот, односно од претседателката и тие треба да бидат врвот во правната професија.