Претседателски избори 2024
Крушево, 6 април
Стевчо Јакимовски:
- Јакнење на улогата на Македонија во НАТО структурите и во Европската Унија и повеќе почит за Македонија и за нејзините граѓани.
- Мојата мисија би била да се дигне дигнитетот на Република Македонија, она што бараме е само малку повеќе почит за Македонија и за граѓаните и она што мора да ѝ го соопштиме на Европската Унија е дека ние сме подготвени да чекаме пред вратата на Европската Унија до 2030 година, а потоа не сме подготвени.
- Со изјавата за вметнување на Бугарите во Уставот со дејство кое ќе биде одложено, Максим Димитриевски влегува од скриена во отворена коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е истиот став што го има ВМРО-ДПМНЕ.
- Чудно е што таа изјава Димитриевски ја дава од пред Македониумот во Крушево, од најсветото македонско место за да нѐ понижи нас, Македонците.
- Таква изјава се дава во Софија каде ќе го почестат. Треба да знае дека Бугарите се тие кои не им пружиле помош на Македонија и на востаниците.
- Жал ми е што бројот на тие таканаречени европски ориентирани политичари се зголемува. Јас и мојата партија не сме подготвени да ги предадеме Република Македонија и граѓаните.