НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Претседателски избори 2024 – Кампања

0
By Zoran Ivanov on April 7, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

И на третиот ден од почетокот на претседателската кампања на седумтемина кандидати за претседател на државата, тие практично ги репризираа нивните познати ставови кои главно се поклопуваат со ставовите на нивните политички партии поддржувачи и тоа како за прашањата за евро интеграциите и условот за уставните промени така и за внатрешните состојби и понудите во нивните програми па се` до актуелните светски глобални случувања и позицијата и перспективата на Република Северна Македонија во меѓународни рамки.

Од кампањата за првиот круг за претседателските избори 2024, натаму НОВА ќе известува редуцирано, сублимирано и збирно освен, секако, доколку кандидатките и кандидатите или некои од нив, не настаат со поинакви гледишта отколку од нив досега презентираните, а кои во првите три кампањски денови ги повтортуваа идентично.

Инаку, и вчера кандидатите на митинзи и на средби со гласачите, посетија повеќе регионални урбани и рурални средини. Нова и денеска ви прикажува кус преглед,. практично поенти од настапите на секој од кандидатките и кандидатите за претседател за изборите за кои првиот круг е закажан за 24-ти овој месец.

По ред според гласачкото ливче:

Стево Пендаровски во Кичево, Гордана Силјановска во Кавадарци, Стевчо Јакимовски во Крушево, Бујар Османи во Тетово, Билјана Ванковска во Прилеп, Арбен Таравари во Скопје и Максим Димитриевски во Валандово.

  1. Стево Пендаровски:
  • Во првиот мандат бив претседател на сите граѓани без притоа никого да не привилегирам.
  • Без разлика дали некој доаѓал од Брод или од Скопје, кај мене сите сте биле дочекани на еднаков начин. Не може да каже ниту еден дека бил привилегиран затоа што е Македонец, Албанец, Влав, Турчин, Ром, Бошњак…затоа што во изминативе пет години се трудев и мислев дека бев претседател на сите граѓани“
  • Корупцијата е туѓа како за мене, така и за сите оние што работат за мене.
  • Нудам европска иднина и членство во ЕУ за неколку години, додека ВМРО-ДПМНЕ нуди враќање назад во изолација и додека беа на власт обичниот народ не го есапеа.
  • ВМРО-ДПМНЕ им нуди само членовите од нивната партија да напредуваат во општеството, а сите други да немаат право на живот.
  • Гласајте за број 1 на 24 април за да имате претседател кој нема да ве дели на наши и ваши, вие сите сте мои. Имам син на 22 години и сопруга и тие се мое семејство. Сите 1,8 милиони граѓани кои живеат тука во наредните 5 години ќе бидете мое семејство.

Гордана Силјановска Давкова:

  • Хегел смета дека секој народ ја заслужува својата влас но Хегел не е во право затоа што македонците заслужуваат подобар претседател и премиер од тие што сега ги водат.
  • Оваа држава е далеку од правна држава, државата ни е партиска.
  • Секој ден ќе ви докажувам дека мојот легитимитет извира од вас, а не од некој друг.
  • Во Македонија сега постојат две држави во една, две собранија, два премиери и за тоа вината е и кај шефот на државата.
  • Сликата за Македонија во светот ја даваат државните претставници и затоа сме држава што не ужива углед во светот.

Стевчо Јакимовски:

  • Јакнење на улогата на Македонија во НАТО структурите и во Европската Унија и повеќе почит за Македонија и за нејзините граѓани.
  • Мојата мисија би била да се дигне дигнитетот на Република Македонија, она што бараме е само малку повеќе почит за Македонија и за граѓаните и она што мора да ѝ го соопштиме на Европската Унија е дека ние сме подготвени да чекаме пред вратата на Европската Унија до 2030 година, а потоа не сме подготвени.
  • Со изјавата за вметнување на Бугарите во Уставот со дејство кое ќе биде одложено, Максим Димитриевски влегува од скриена во отворена коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е истиот став што го има ВМРО-ДПМНЕ.
  • Чудно е што таа изјава Димитриевски ја дава од пред Македониумот во Крушево, од најсветото македонско место за да нѐ понижи нас, Македонците.
  • Таква изјава се дава во Софија каде ќе го почестат. Треба да знае дека Бугарите се тие кои не им пружиле помош на Македонија и на востаниците.
  • Жал ми е што бројот на тие таканаречени европски ориентирани политичари се зголемува. Јас и мојата партија не сме подготвени да ги предадеме Република Македонија и граѓаните.

Бујар Османи:

  • Ќе работам на јакнење на младинските политики.
  • Ќе се залагам да ги задржиме младите во државата.
  • Младите со поинакво разбирање за технолошкиот развој на светот, да бидат дел од дизајнот и архитектите на државните политики за иднината на луѓето.
  • Да ги подготвиме луѓето за пазарот на трудот по 40 години зошто анализите велат дека за само 10 години вештачката интелигенција ќе укине околу 50% од работните места.
  • Ќе иницирам квоти во листите за пратеници и за млади до 27 години исто како што има квоти за родовата еднаквост такви да има и за младите на листите за пратеници.

Билјана Ванковска:

  • Настапувам со оригинална платформа која ја нема ниту еден кандидат, барем не сите прашања на едно место.
  • Се залагам за нов устав, поништување на Договорот со Бугарија, ревидирање на Преспанскиот договор, излегување од НАТО и водење надворешна мултивекторска политика каде главно ќе биде економскиот интерес на Македонија.
  • Не настапувам со прашање дали Бугарите ќе бидат во Уставот туку со сосема нов устав, бидејќи овој продуцира нефункционилен политички и уставно правен систем.
  • Во план ни е раскинување на Договорот со Бугарија, а Преспанскиот договор ќе биде предмет на преобмислување.
  • Се залагам за водење надворешна мултивекторска политика каде главно ќе биде економскиот интерес на Македонија.
  • Светот сае менува. Станува збор за нужност од мултивекторска политика. Ниту да потпаѓа под влијанието на студената војна,  нема да правиме наши и ваши, туку ќе отвораме порти, ќе создаваме пријателства ширум светот, особено по економска основа.
  • Како професор по политички науки сум шокирана дека сосема е неизвесно дали ние седумина ќе се најдеме на едно место на ТВ, а тоа е единствен начин луѓето да ги видат и слушнат ставовите на кандидатите.

Арбен таравари:

  • Го прифаќам предлогот на Крешник Бектеши од редовите на ДУИ да се повлече од политиката оној кој ќе ги изгуби претстојните избори.
  • Очекува убедлива победа, во спротивно се согласувам со Бектеши да се повлече од политиката оној кој ќе ги изгуби изборите.
  • ДУИ со години промовира спроведување на ветинг, но досега немаме ниту драфт верзија за Закон на ветинг.
  • Подготвен сум не утре, туку уште денеска да потпишеме дека сме подготвени да почне ветинг.
  • Како претседател ќе се залагам за промоција на спортот и за изградба на повеќе спортски терени за младите.
  • Ќе инсистирам идната влада да ги спонзорира успешните спортисти зашто земјава има познати и кредибилни спортисти кои што државата би требало да ги субвенционира,
  • За повозрасните спортисти кои што ја завршуваат кариерата, државата би требало да им обезбеди плата за достоинствен живот.
  • Научно е докажано дека што повеќе спортски активности правиме, толку подобро здравје имаме, во здраво тело здрав дух.
  • Што повеќе се спортува толку помалку ќе имаат болести.

Максим Димитриевски:

  • Првиот приоритет е да се овозможи да се придвижи процесот на европска интеграција и да се излезе од ќорсокакот во кој се наоѓа Македонија.
  • Ќе се формира специјален експертски ЕУ тим кој ќе започне преговарачки процес за адаптација на преговарачката рамка во согласност со реалните внатрешни општествени околности во врска со историските прашања кои ги оспорува нашиот источен сосед, а се директно поврзани со генезата на македонскиот национален идентитет.
  • Нашата мерка за пензионерите, а со која влеговме во овој предизборен период е да се обезбеди 13-та пензија во форма на субвенција кон сите пензионери и загрозени групи. Тоа ќе може да се стори со искористување на нереализираните средства од капиталните инвестиции коишто остануваат на крајот на годината.
  • Како Претседател на државата приоритет ќе ми биде ќе ми биде менувањето на постојниот Закон за кривична одговорност со кој сега се самоамнестираа голем број на политичари во државата и дополнително се амнестираа претходни политичари.
  • Нема правда нема мир сеуште важи и до денеска не сум отстапил ни милиметар од тие мои заложби во Шарената револуција.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.