Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Оливер Вархеј, не очекува промена на преговарачката рамка за Северна Македонија.
Во интервју за бугарската агенција „Бгнес“, Вархељ, кој се наоѓа во посета на Бугарија, изјави дека критериумите за членството на Северна Македонија во ЕУ се многу јасни од 2022 година кога беше усвоена преговарачката рамка.
Условите мора да се исполнат и во оваа смисла не очекувам некаква промена. Не мислам дека земјите членки ќе сакаат да ревидираат некој од условите, рече Вархеј.
Тој истакна дека се надева оти веднаш по изборите, новата влада во Северна Македонија ќе се заложи за исполнување на критериумите.
Вархеј оствари средба со бугарскиот претседател Румен Радев, при што Радев оценил дека политичките пораки за време на изборната кампања во Македонија се негативни кога станува збор за Бугарија.