Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Претседателски избори 2024 – кампања

0
By Zoran Ivanov on April 8, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 8, 2024 21:46

8-ми април

На средби со граѓаните, претседателските кандидати ги продолжуваат своите изборни кампањи. Нова пренесува дел од нивните денешни активности.

Стево Пендаровски – Скопје:

Стево Пендаровски денеска го посети Сојузот на борци од НОАВМ каде со присутните разговараше за актуелните политичко-општествени теми. Тпој посочи дека на политичката сцена има главно две структури, едната која укажува почит кон Сојузот на борци и хероите од Народно ослободителната војна и друга структура, која покажува елементарно непочитување на партизаните.

Денес повторно, противкандидати мои, или наши да речам, се луѓе кои пред повеќе од 10 години ве бркаа од просториите за кои на стари години моравте да марширате кога немаше волја да ги решаваат најважните проблеми што ги имавте. Државата може да се потпира само на двата илиндена, додавајќи дека кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ и самата партија, пред да најавуваат четврти и петти, прво треба да го почитуваат вториот Илинден.

Пендаровски вечерва имаше и митинг за граѓаните на скопската општина Кисела Вода.

Гордана Сијановска Давкова – Битола:

Битола е многу убав град, град на конзулите, но иако и таму ветуваа живот, актуелната власт не донела живот, рече Силјановска на митингот во Битола.

Силјановска Давкова ја искоментира и посетат на грчкиот премиер Алексис Ципрас кој што пред неколку дена беше во Македонија и каде што беше пречекан без интонирање на македонската химна, истакнувајќи дека химната на Македонија е всушност македонската историја и се она што се бореле нашите предци.

Таа ги искоментира и пресудите за настаните од 27-ми април додавајќи дека во Македонија има селективна правда и дека со таква правда не се стигнува до Европската унија и до НАТО.

Тие со нивниот закон за амнестија, ги амнестираа оние кои имаа ист обвиненија како луѓето кои останаа во затворот. Не само што ги ослободија од притвор, замислете за да можат да гласаат туку целосно ги ослободија, а потоа и ги наградија. Тоа ли е право и правда. Не, тие така мислат, но јас мислам дека до било која цел па и до ЕУ и до НАТО не се стигнува со кршење на правото, рече таа.

Стевчо Јакимовски – Кичево:

Нема преговори за македонскиот јазик и идентитет, ќе бидам претседател за сите граѓани на Република Македонија и Македонија секогаш ќе биде на прво место, порача Јакимовски на средби со граѓаните во Кичево.

Претседателскиот кандидат Јакимовски имаше средба и со жителите на Гостивар. Пред гостиварци тој говореше за актуелните случувања и напомена дека најголемата мака е иселувањето од државата, кое рече се случува поради лошите политики на досегапните владеjачки гарнитури.

 

Бујар Османи – Скопје.

Кандидатот за претседател поддржан од „Европскиот фронт“, Бујар Османи денеска нагласи дека уставните измени се еден од предусловите за да ја одбереме една од двете визии – визијата за мултиетничка европска држава која нуди еднакви можности за сите и алтернативната понуда изолација од светот и етнички тензии.

Секој што нема да ја поддржи европската опција, според Османи, дури и да не гласа, всушност ја поддржува опцијата за изолација, за враќање на етничките тензии и за враќање на тепачките по автобуси и училиштата, изолирање на една мала земја во регионот.

Османи нагласи дека првата работа што ќе ја направи како шеф на државата е на еден состанок да ги собере сите лидери на политичките партии и чинители од кој, како што рече, нема да излезат без подадена рака дека по однос на Европската Унија да не има разлики.

Билјана Ванковска Мирчевска: Богданци

Со жителите на Богданци таа разговараше и за земјоделието и заштитата на животната средина при што истакна дека земјоделието е една од најзначајните гранки за жителите од овој крај и токму заради тоа не смее да се дозволи да се уништуваат земјоделските површини за сметка на отварање рудници или поставување сончеви панели на обработливи површини.

Посебно е важно да се внимава на зачувување и заштитата на животната средина зашто здрава средина значи здрав и задоволен човек, порача кандидатката за претседател.

Ванковска агендата ја продолжи на средба со граѓани и во Гевгелија.

Арбен Таравари – Скопје:

Има еден договор меѓу нас, „Вреди“ и ДУИ, не потпишан, туку џентлменски, од пред повеќе месеци, дека европската интеграција би била приоритет за државата.

Таравари во изјава за медиумите рече дека смета дека шест месеци се добар период во кој треба да поминат уставните измени за земјава да ги почне преговорите со ЕУ. Тој го обвини Бујар Османи од ДУИ, неговиот противкандидат на претседателски избори, дека е автор на планот за деескалација на северот на Косово изработен во јуни 2023 година кој не бил прифатен и спроведен од косовската влада.

Вчера доживеав шок кога ја видов официјалната реакција од Владата во Приштина во која беше елаборирано дека авторот на планот од девет точки на ОБСЕ за деескалација и нормализација на северот на Косово всушност бил лично Бујар Османи, а како претседавач на оваа организација.

Таравари додаде дека поради планот имаше големи притисоци врз Косово и праша како може план кој беше целосно отфрлен од косовските власти да донесе мир.

Максим Димитриевски – Охрид:

Во рамките на нашата програма и мојата програма како претседателски
кандидат, Манифест за Македонија, има голем број на решенија кои ги
нудиме. И ќе ги реализираме, нема да останат само зборови на хартија. Едно од најбитните е дека Македонија ќе добие Претседател од граѓаните, којшто нема да биде во функција на политичките субјекти, туку првенствено ќе ги штити граѓанските интереси. Со тоа што никогаш нема да дозволам да потпишам закон или каков било дргу акт којшто е спротивен на вољата на граѓаните и секогаш истиот ќе добие вето и ќе биде вратен на повторно разгледување пред законодавниот дом, објасни Димитриевски на прес конференција.

Тој рече дека најголемите проблеми кои ги наведуват сграѓаните се владеењето на правото,
неказнивоста, селективната правда, нефункционална држава и
финансиско-социјалната состојба.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
shortcut
ФОКУС
June 2, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

ВЕСТИ June 2, 2026

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека цените на основните прехранбени производи се…

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

June 1, 2026

Дуња Иванова обезбеди виза за директен настап на светското првенство во МТБ маратон

June 1, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.