Министерката за култура, Бисера Костадиновска – Стојчевска изјави дека во моментот на избувнувањето на пожарот во Универзалната сала немало никој и нема жртви и повредени.
Повикувам на брзо расчистување на причините за пожарот, рече таа.
Од град Скопје наведуваат дека отртаму две години јавно зборувале дека проектот за Универзалната сала, кој му е дониран на претходното градско раководство и по кој работеле до локалните избори во 2021-ва година, е погрешен и небезбеден, а градбата спротивна на проектот и дека поради тоа не може да се продолжи да се гради.
Две години бевме напаѓани за тоа што јавно зборуваме, велат од Град Скопје по денешниот пожар кој избувна во Универзалната сала.
Пожарот во Универзалната сала се случил во стариот дел и можно е да бил предизвикан од стар кабел или стара инсталација, изјави Лазар Арсовски, сопственик на „Универзал Балкан“- Скопје, фирмата изведувач што го реконструира објектот.
Тој се надева дека за новата конструкција ќе нема проблеми и рече дека без разлика кои се на власт – политички партии, градоначалници – оваа сала што побрзо треба да се направи.