Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Подземјето сака победа на изборите

0
By Zoran Ivanov on April 9, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, April 9, 2024 23:45

Поминаа само десет дена од кампањата, а тензиите се веќе на ниво невидено досега бидејќи влогот е многу голем, а големата постизборна слика не е јасна сосема

СЛОБОДАНКА ЈОВАНОВСКА

Македонија гори буквално. Опожарени беа неколку возила под Кале викендов, се запали автомобил истиот ден во „Ист гејт“, а беше запален и билборд на Арбен Таравари. Денес, додека се вртеше видеото на Фуркан Салиу за полициската бруталност, се вивна во пламен и Универзална сала, централниот објект на проектот „Скопје – европски град на културата“. Толку и од културата, и од Европа, и од изборите: Подземјето сака да си ја врати целосно државата назад, иако  ја владееше во голема мерка и досега.

Поминаа само десет дена од кампањата, а тензиите се веќе на ниво невидено досега бидејќи влогот е многу голем, а големата постизборна слика не е јасна сосема. Ако се погледне изборната кампања досега, очигледно е дека се побројни тие кои сакаат да излегуваат, а не да влегуваат – било во ЕУ, било во НАТО, било во Отворен Балкан, во регионалниот пазар – барем не на начин на кој сакаат обичните граѓани во земјата.

Средствата што се употребуваат се веќе видени, од застрашувања, замолчувања, почнаа и малтретирања, инсценирани инциденти, а видливи се и многу пари надвор од тие што се дадени од буџетот на државата за да се води кампања. Додека фрчат фрази дека Македонија ќе биде повторно горда, дека ќе биде достоинствена, храбра, дека нема да потклекнува, дека нема да биде попустлива и ќе условува место да ја условуваат од Брисел, од Софија или од други места, пораката меѓу редови е – нема да ве плаќаме толку колку што би требало, ќе градиме каде што сакаме, профитот ќе ни биде пред граѓаните, парите ќе имаат главна улога а не потребите, најубаво се прават милиони со статус-кво, политиката ќе ни остане дуќанче но на повисоко ниво, ќе се богатиме на државен грб – сѐ додека не банкротирате.

Веќе се гледа дека нормалноста е најнепосакуваната изборна програма, а место неа се нуди нов налудничав циклус на менувања на сѐ и сешто, за да продолжи државата да се врти во круг и  за никогаш да не стане нормална европска и според стандардите на ЕУ. Ќе се менува Охридскиот договор, ќе се менува Преспанскиот, ќе се менува Договорот со Бугарија („Бермудскиот тријаголник“ на Билјана Ванковска што служи за замајување на народот), уште триесет години ќе ги решаваме веќе решените прашања, додека некои ќе си бркаат бизнис во ментално, политички, економски и физички заробената држава од страна на подземјето. Ќе се затвори Отворениот Балкан, ќе се менува и Уставот за да има со што да се занимава народот, ќе се укинува балансерот за да се глуми колку е деалбанизирана државата, ќе се множат внатрешните и надворешни непријатели (почнувајќи од Фуркан, па натаму) и ќе се заплашува судството за да не суди.

И, нонстоп ќе се вергла тезата дека прво треба да се средиме дома, па да бараме влез во Унијата, дека прво треба Унијата да стане како што треба па ние достоинствено да влеземе во неа, додека се крие интересот на дел од политичката и бизнис олигархија дека вистинската намера е повторно да се приклучиме на енергетскиот приклучок што  води до Русија и до корумпираноста. Со силни вербални еквибилистрики ќе ни се продаваат политички фатаморгани за подобра и подостоинствена иднина додека се кријат вистинските намери Македонија повторно да стане приватна држава што ќе служи на грст луѓе од црната листа на Америка и некои други што се продаваат сѐ уште како чесни во бизнисот и политиката.

Во ова сценарио кандидатката на Левица, Билјана Ванковска, служи само за релативизирање на сите апсурдни идеи за алтернативен пат на Македонија, а Гордана Силјановска-Давкова е главната фигура во куклениот театар на ВМРО-ДПМНЕ, која игра како што ги движи прстите лидерот на партијата и која е избрана за да се создаде илузија кај неопределените за нормалност и континуитет во политиката и државноста, бидејќи е професор и бидејќи е некој вид „мајка“ на уставноста. Која, пак, ќе стане восочна фигура на Водно истиот момент кога подземјето ќе си ја врати власта во Македонија, бидејќи никој веќе нема да ја прашува за мислење ни за владеењето на правото, ни за правната држава, ни за Уставот, зашто не им требаат.

Силјановска веќе сега остава впечаток на кандидатка за највисоката функција која е заробена од партијата што ја кандидирала, која повеќе ја злоупотребува отколку што ја промовира и која повеќе им е маскота отколку политичка фигура што ја подржуваат. Која ја вивнаа, но секоја минута ѝ покажуваат дека не треба многу да „лета“ и дека е лажна аурата на моќ што ѝ ја создаваат, бидејќи вистинската моќ не е во неа и ќе трае додека е употреблива.

Силниот молк на дипломатите изминатите недели е знак за сериозноста на влогот во Македонија, но и дека главниот збор сега го водат службите, бидејќи оваа мрачна, примитивна и екстремно негативна кампања, финансирана со многу пари и преполна со навреди, обвинувања, лажни вести и фабрикувања почнува да влегува во следната фаза на фабрикувани инциденти, создавања несигурност и психози. Притоа, пораката е дека промена мора да има, но само во интерес на тие што сакаат да нѐ владеат нас, а не да ја управуваат и да ја водат напред државата. Подземјето од сите бои очигледно сака сигурна победе на овие избори, а потврда е фактот дека претседателската кампања само што почна – а веќе не е ни претседателска, ни парламентарна, туку се претвора во сурова борба за окупација на институциите и на ресурсите. Универзална, по сѐ изгледа, е само сегмент од тоа.  Линк

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
shortcut
ФОКУС
June 2, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

ВЕСТИ June 2, 2026

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека цените на основните прехранбени производи се…

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

June 1, 2026

Дуња Иванова обезбеди виза за директен настап на светското првенство во МТБ маратон

June 1, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.