11-ти април
Претседателски кандидати и денеска на средби со граѓаните по општини и на митинзи во поголемите градски Центри и со медиумски настапи.
Стево Пендаровски во Валандово, Гордана Силјановска Давкова во Македонски Брод, Стевчо Јакимовски на ТВ интервју, Билјана Ванковска во Скопје, Бујар Османи во Штип, Арбен таравари и Максим Димитриевски со медиумски обраќања.
Стево Пендаровски – Валандово:
Кандидатот за претседател Пендаровски вечерва истакна дека на оваа држава и требаат лидери кои размислуваат 30 до 40 години однапред, а не политичари чија единствена цел е да дојдат на власт и доживотно да останат во нивните фотелји. ,На земјава и требаат политичари кои ќе работат за подобра иднина на следните генерации, не мислејќи на својот политички и партиски рејтинг. Со таков пристап ние ја внесовме земјата во НАТО, рече претседателскиот кандидат.
Одговарајќи на прашањата на граѓаните, а во однос на секојдневните обвинувања од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека им се заканувал на граѓаните, Пендаровски рече дека пародија е фактот што Мицкоски се шокира од вести кои самиот ги продуцира и рече дека во 2020-тата година, во извештај на Европскиот Парламент, во извештај на Комитетот за надворешни работи, Мицкоски е именуван како личност кој што продуцира лажни вести и дезинформации. Затоа, не му верувајте ништо, порача тој.
На 24 април граѓаните масовно ќе излезат, ќе заокружат број 1 и ќе им покажат што сака народот. А народот сака европска иднина, просперитет и среќа”. Во оваа насока Пендаровски додаде дека и понатаму ќе работи за надминување на поделбите во општеството по многу основи.
Гордана Сијановска Давкова – Македонски Брод:
На средба со граѓаните на Македонски Брод, кандидатката за претседател Силјановска Давкова изјави дека стручноста и компетенноста можат да ја извадат земјата од, како што рече, хаосот, анархијата, депресијата. Таа порача дека и таа и партијата што ја подржува како и другите коалициски партии не се анти ЕУ туку дека се за европски стандарди и затоа, кога се оценува кој е за ЕУ, а кој е против, не треба да се верува на, како што рече, празни зборови. Потребни се дела конкретни за добро образование, добро здравство, добра социјална заштита, добра културна политика.
Пред граѓаните вети дека ќе продолжи да се бори за рамноправност и дека претседателот е тој што го отсликува народот, а зброувајќи за состојбата во државата рече дека е далеку е од европска и демократска.
Давкова Силјановска и денеска потсети дека уставните измени не ќе можат да се случат атака како што решила власта за што на земјата треба да и се врати гордоста и дека претседателот е тој што го отсликува народот, а состојбата во државата ја оцени како неевропска и дека доколку биде избрана за претседател на државата ќе работи земјата да стане пристојна правна држава.
Стевчо Јакимовски: Скопје
Претседателскиот кандидат Јакимовски во денешно телевизиско интервју рече дека на државата и се потребни коренити промени во клучните сегменти за таа конечно да биде средена.
Ова, пред се, во образованието кое ќе дава знаење а не петки, потоа реформи во здравство затоа што, како што рече, како сме тргнале за 5 до 7 години од денес надрилекари ќе не лечат, а здравството е фундаментот на едно општество и посебно е нужна реформа во гломазната неефикасна администрација.Тоа еден претседател на државата не смее да го премолчи, порача Јакимовски.
Во делот на уставните надлежности, Тој најави дека ќе постави началник на Генералштаб кој ќе биде со високо образование, магистер или доктор на науки и кој одлично ќе зборува барем еден севетски јазик, а осврнувајќи се на надворешната политика речереече дека не е строго против Бугарите во устатвот но сум децидно за комплетно затворање на бугарското прашање со признавање од бугарска страна на нашата посебност како нација во историски контекст, а не од тоа нивното од 1944-та.
Бујар Османи – Штип
Основање на борд за валидација составен од домашни и меѓународни експерти кој ќе врши ветинг на сите проекти и закони за заштита на животната средина и ќе гарантира дека сите закони се одржливи, најави кандидатот за претседател Бујар Османи.
Тој порача дека постои нераскинлива врска меѓу нашата околина и националната безбедност и ги повика сите да ја поддржат зелената агенда којашто ја става на прво место заштитата на животната средина.
Овој борд, потенцираше тој, ќе гарантира дека нема да потпишам ниту еден закон што е штетен за животната средина. Не смее економскиот раст да биде на сметка на животната средина и идните генерации. Мора да оставиме не само европска и економска, туку и зелена и одржлива држава.
Билјана Ванковска Мирчевска – Скопје:
На средби со жители на скопската општина Гази Баба, кандидатката за претседател на дежавата Ванковска Мирчевска оцени дека оваа предизборна претседателска кампања е нефер, со не демократски правила на игра но и дека таквата состојба нема да ја спречи во ширење на идејата за слободна и независна Македонија која ќе биде растоварена од меѓународните хипотеки.
И при оваа средба во скопската општина таа на граѓаните им порача дека останува на ставот дека доколку ја добие довербата од народот ќе го врати македонското достоинство, ќе ги раскине сите меѓународни штетни договори вклучително и Преспанскиот
Арбен Таравари – Скопје:
Кандидатот за претседател Арбен Таравари реагираше на најновиот извештај на „Фридом хаус“, оценувајќи го како вознемирувачки, вината за ова не е само во техничката влада туку во овластувањата и тоа од пред повеќе од 20 години.
Системот на корупција, заедно со неговите гласноговорници кои се кандидираат за претседател, мора да се отстрани, рече Таравари. Тој нагласуи дека општината со која тој раководи секогаш добивала позитивни извештаи за транспарентност и антикорупција.Така треба да се работи и на државно нив, рече Таравари и дополни дека ако сакаме да се справиме со корупцијата која е во власта, тртеба да им се отвори вратата на новата генерација.
Последниот извештај означува чекор назад во владеењето на правото и борбата против корупцијата за што вината е и во последнитѕе измени на Кривичниот законик, а со кои се намалуваат казните не само за актуелни функционери туку и за оние од претходната влада.
Максим Димитриевски – Скопје:
На денешната прес конференција претседателскиот кандидат Димитриевски рече дека за неполн месец се соочил со две обвиненија и дека поради неговата кандидартура со притисоци се соочувале и вработени во јавна и државна администрација, како и граѓани од ниски социјални слоеви. Притоа тој се запраша дали до сега имало случај било кој од досегашните претседателски кандидати за неполн месец против него да бидат поднесени две обвиненија и да биде повикан двапати пред јавен обвинител и еднаш пред надлежен суд, а следно рочиште е закажано за 30-ти април ден што се поклопува и со кампањата.
Тој рече дека ова го оценува како дополнителен притисок врз него со цел да биде оневозможен, како што рече, заедно со граѓаните да ја продолжи борбата за да ги смени работите во државата. Димитриевски денеска оствари средби со граѓани и во неколку скопски општини.