Во мерките за штедење кои грчката влада ги спроведе последните пет години беше и намалувањето на државната администрација. Во тој период беа укинати 260.000 функционерски работни места.
Но, како и голем дел од нејзините балкански соседи, и Грција одлучи да заигра на популистички ноти.
Државниот совет пред три дена објави дека претпријатиеto Public Power Corporation S.A. кое ја менаџира енергијата и делумно е државно, ќе вработи 2.136 функционери.
Според весникот Екатимерини имало и други вработувања во образовaнието или општинските служби и покрај тоа што законот забранува вработување функционери во предизборен период. Но законот исто така вели дека вработувањата се можни и во овој период доколку властите дојдат до заклучок дека овие вработувања се реализираат за «итни потреби».




