Грците денес излегуваат на парламентарни избори кои би можеле радикалната левица Сириза, која вети укинување на мерките за штедење, да ја донесат на власт. Кампањата на Сириза се водеше од желбата дека нешто мора да се стори бидејќи Грција нема повеќе што да се загуби.
Последните анкети најавија голема победа на Сириза пред Неа Демократија на премиерот Самарас.
Самарас и неговите претходници социјалистите од 2012 година ги прифатија сите реформи кои доаѓаа од тројката која и позајмуваше пари на Грција а тоа се ЕУ, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд. Тие бараа реформи а за тоа на Грција и беа ветени, од 2010 година, 240 милијарди евра кредит за да може земјата да преживее.
Некои од бараните реформи почнаа да бележат успех но во грчкото секојдневие бележи невработеност од 25 отсто, платите и пензиите се намалени за половина од почетокот на кризата па така, Грците не покажуваат голем интерес за успехот на реформите и долгот на државата.
Самарас побара од Грците не се откажуваат од реформските програми но се чини дека зборовите на Алексис Ципрас им се помили. Лидерот на Сириза најави дека во случај на негова победа во Грција од понеделник нема повеќе да има тројка.
Во Европа резултатите од изборите се очекуваат со спокој. Некои европски лидери дадоа изјави, на почетокот на изборната кампања, во кои отворено покажуваа дека не треба да се гласа за Сириза, најавуваа излез од еврото за Грцоја и со кои ги налутија Грците. По овие први реакции лидерите одлучија да молчат и да чекаат да ја слушнат волјата на грчкиот народ. Така на пример Ангела Меркел изрази сигурност дека «мирно ќе се најдат решенија» за ситуацијата откако Грците слободно и независно ќе покажат по кој пат сакаат да одат.
Сириза очекува да освои апсолутно мноизнство со бонус од 50 места во парламентот кои автоматски ги добива победникот. За да стаса до таму Сириза треба да освои 36 отсто од гласовите но гласачите треба да дадат 12 отсто гласови за партии кои нема да успеат да влезат во парламентот бидејќи не освоиле повеќе од 3 отсто од гласовите.
Но ова сценарио се чини тешко остварливо па оттука се верува дека Сириза ќе коалицира со мали парии како левата партија наречена Река која може да освои до 6 отсто гласови и која на европските избори испрати двајца пратеници.
Уште една важна тема на грчките избори е екстремната десница Златна зора. И покрај тоа што дестици нејзини членови треба да се соочат со правдата поради обвинение за «припадност на криминална организација» а веќе седуммина од нејзините 16 пратеници се во затвор, оваа политичка формација може по овие избори да стане третата политичка сила на Грција.
Оттука, доколку двете партии победнички на изборите, не успеат да состават влада, Уставот бара дека третата политичка формација мора да се внесе во преговорите за коалиција. Ова сценарио е речиси невозможно да се оствари бидејќи никој не сака да коалицира со Златна зора.
Доколку Грците не успеат да состават влада помеѓу тројца победници на изборите Грците ќе мораат повторно да гласаат во март.
Првите резултати се очекуваат во 17 часот ГМТ истовремено кога затвораат изборните места.




