Културните работници најавуваат протест пред Министерството за култура, утре, на 19 април во 13 часот.
Како што се наведува во соопштението протестот културните работници ќе го одржат поради доцнењето на платите во културата, поради понижувачкиот однос кон културните работници со неразбирливи обиди да се скрати нивното право за усогласување на платите со постоечките колективни договори, поради крајно понижувачкиот однос на државата кон сопствените културни институции и сопствената култура.