Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во интервју за МИА најавува дека во
рамките на кампањата за парламентарните избори, кандидатите за пратеници на
коалицијата „За европска иднина“во сите населени места ќе ја презентираат програмата и
нивниот, како што вели, јасен план за државата, која ќе го продолжи својот процес на
европско интегрирање.
Ковачевски оценува дека досегашниот тек на кампањата за Претседател на Република
Северна Македонија до пред неколку дена била демократска и смирена, но и дека како се
наближува денот на изборите, така и реториката како да станува се` пожестока.
НОВАтв.мк во Избор пренесува акценти од интервјуто. Линк