НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Проф. Тахири: Обврска на новинарството е промовирање на меѓуетничка и меѓукултурна кохезија

0
By Marija Todorovska on April 18, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Водителот на една ТВ со национална концесија, го прашува гостинот: „Техничкиот премиер денеска е во Приштина, често оди таму, додека според информациите што ги добиваме таму зборувал на албански јазик и покрај тоа што тој е премиер на Македонија. Мислите ли дека со ова го крши законот?“

За тоа дали ова прашање има потенцијал да предизвика етничка нетрпеливост, односно дали овој начин на комуникација е проблематичен, особено во медиумите, побаравме мислење од комуникологот проф. Сефер Тахири за улогата на медиумите и за тоа што треба да промовираат.

„Ваквите прашања поттикнуваат етничка нетрпеливост и имаат тенденција да го зголемат интензитетот на отфрлање на јазикот на „другиот“. Овој тип на новинарство, со сензационалистички и кликбејт цели, е спротивно на улогата и професионалната обврска на новинарството, а тоа е промовирање на концептите на меѓуетничка и меѓукултурна кохезија, како основа за стабилно општество“, вели Тахири.

Според него, новинарите мора да бидат одговорни и свесни дека мора да создаваат мостови на комуникација а не да бидат нивни поткопувачи.

„Бидејќи употребата на албанскиот јазик од страна на премиерот за време на неговата посета на Косово е нормална, бидејќи се работи за јавни изјави и секој политичар има право да зборува на јазикот познат и почитуван од домаќинот, додека официјалната комуникација во меѓународните односи е посебно регулирана со законите на земјата“.

Креирањето на јавното мислење е критичен процес во секое општество, бидејќи тоа влијае на одлуките, ставовите и постапките на луѓето. Претпазливоста во креирањето на јавното мислење е клучна за изградба на здраво општество каде што се ценат различностите, се почитуваат правата на луѓето и се поддржуваат демократските вредности.

Н. Абдурахмани / Цивил Медиа

 

новинарство Тахири
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.