НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Парламентарни избори 2024

0
By Zoran Ivanov on April 19, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

18-ти април- хроника

Коалицијата „Европска иднина“ предводена од СДСМ ја стартуваше парламентарната кампања  со настан „Нема откажување од иднината“ во Скопје, а имаше и митинзи во Демир Капија и во Гевгелија. Решителна и поефикасна борба против корупцијата, реформи во судството, повисоки плати и пензии, поддршка за младите, стопанството,.. најави претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски на стартот на кампањата за парламентарните избори. Во обраќање на настанот „Нема откажување од европската иднина“  во присуство на носителите на листи во шесте изборни единици упати пораки дека нема откажување од патот за членство на државата во ЕУ кое рече дека ќе се случи до 2030 година но со проевропска влада што ќе ја формира СДСМ. Ковачевски оцени дека програмата на СДСМ и Коалицијата е реална и остварлива и оти нема откажување од неа додека секој ред од неа не стане реалност.

Тој на митингот во Гевгелија истакна дека единствено СДСМ и Коалицијата за европска иднина се единствена опција со единствен јасен план за интеграција на државата во ЕУ. – Од друга страна нашите политички конкуренти, ВМРО – ДПМНЕ, ниту имаат план, ниту имаат визија, ниту имаат одлучност, ниту пак имаат волја нешто да направат во тој дел, истакна Ковачевски на митингот во Гевгелија, на кој беа претставени програмата и носителите на листата на пратеници во четвртата изборна единица.

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“, пак, традиционално ја почнаа кампањата со митинг во Охрид, каде се претстави и  кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од Охрид на првиот ден од предизборната кампања за престојните парламентарни избори, порача дека партијата ќе води позитивна кампања, кампања на проекти, на надеж, и како што посочи, „кампања што ќе ја врати довербата на граѓаните во институциите“. – После шест и пол години урнисување, криминал, понижувања, грабеж на институциите, грабеж на Македонија, сакаме да водиме кампања што на граѓаните ќе им ја врати надежта. Цениме дека надежта недостасува… Освен неколкумина од ДУИ и малкумина измеќари од раководството на СДСМ, сите останати граѓани имаат чувство дека се граѓани од втор ред. Тоа мора да престане, но после 8 мај ќе има и одговорност за се она што се случувало изминатите шест и пол години…Мотивирани сме, желни да покажеме да го оставиме срцето на терен за интересот на граѓаните и на Македонија, рече Мицкоски.

Претседателскиот кандидат на Левица, Билјана Ванковска ја претстави својата програма пред граѓаните на Велес. Пред присутните во салата на велешкиот театарот се обратија и претседателот на Левица и носител на листата во ИЕ1 Димитар Апасиев, како и носителот на листата во ИЕ3, Борислав Крмов, кои токму од Велес ја почнаа својата промоција и кампања за пратеници во Собранието.

Пред присутните се обрати Димитар Апасиев. Според кого, нема револуција без поезија. Потенцира дека кампањата за парламентарните избори не случајно ја почнуваат од неговиот роден град, „Црвениот Велес, градот на Ганчо Хаџи Панзов и многу други борци меѓу кои и Коста Солев Рацин“. – Ова е буквално последниот историски воз да се престроиме геополитички со цел да си ја зачуваме државата, порача Апасиев.

ГРОМ и Стевчо Јакимовски вчера од Струмица порача дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ водат ноевска политика, односно дека главата им е ставена во песок и на заканите и уцените од Османи и Таравари никако не одговараат.

ЗНАМ и Максим Димитриевски и носителите на листа од изборните единици вчера  ја презентираа програмата „Проглас за достоинствена Македонија“ на митинг на градскиот плоштад во Куманово. Носителите на листи од изборните единици посочија дека најголем проблем за државата е корупцијата и ветија нејзино искоренување. Кандидатот за претседател од движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски повика енергијата од Куманово да се пренесе насекаде во државата, граѓаните да испратат порака дека Македонија повторно се буди од Куманово.

Европскиот фронт предводен од Демократската Унија за интеграција вчера во Скопје одржа симулациска конститутивна седница на Собранието, со тоа, сликовито прикажувајќи што би се случувало ако победат на парламентарните избори. На оваа симулациска седница, едногласно со 120 гласа беа изгласани уставните измени согласно Договорот за добрососедски односи и уставните измени со кои претседателот на државата би се избрал во Собранието со двотретинско и Бадентерово мнозинство. На оваа седница беше инаугуриран Бујар Османи за шеф на државата..

ВРЕДИ вчера во Скопје ги претстави носителите во сите шест изборни единици. Претседателскиот кандидат на „Вреди“, Арбен Таравари на прес-конференција рече дека на овие избори има целосно единство на албанската опозиција и тоа гарантира победа, бидејќи на сите избори, како што рече, мнозинството гласови ги имала опозицијата.

Кампањата за парламентарните избори завршува на 6 мај. Активности за оваа кампања ќе има и на 23 април, денот на изборен молк за претседателските избори, за кои првиот круг ќе се одржи на 24 април, а вториот на 8 мај  кога ќе се гласа за пратеници. 

 

 

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.