НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Руски ркетен терор: Двајца загинати, 15 повредени кога руска ракета погоди станбен блок во Днипро

0
By Marija Todorovska on April 19, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Рускиот ракетен терор врз украинските градови продолжува со несмалена жестина. Секојдневно има цивилни жртви и унишување на украинската цивилна  и енергетска инфраструктура, што ја нагласува итноста од обезбедување на системи за противвоздучна одбрана за Украина.

Во градот Днипро, руска ракета погоди петкатна станбена зграда, урнувајќи неколку ката, изјави шефот на регионалната воена администрација Серхи Лисак, пренесува Укринформ.

„Во Днипро гори петкатна зграда. Делумно е уништена. Можно е да има луѓе под урнатините“, се вели во првичниот извештај и се додава дека шест лица се потврдени како повредени.

Подоцна, градоначалникот на градот Борис Филатов рече дека бројот на жртви се искачил на девет.

Лисак потоа го ажурираше извештајот наведувајќи дека најмалку две лица загинале, а 15 се повредени.

Оштетен е инфраструктурен објект во областа Кривји Рих. Уништување има и во областа Синелни. Една жена е убиена.

Железничката станица во Днипро ја прекина својата работа поради руски ракетни напади, при што се пријавени повредени меѓу работниците во железницата, објави на Телеграм украинскиот државен железнички оператор Укрзализницја, пренесува Укринформ.

„Непријателот изврши насочен масовен напад врз објектите на цивилната инфраструктура на Укрзализница во Днепро и во регионот [Дњепропетровск]. Има ранети железничари, на кои им е укажана медицинска помош. Спасувачите работат на оштетените објекти. Се разјаснуваат информациите за жртви. “ се вели во објавата.

Во раните утрински часови на 19 април, регионот Днипропетровск беше под нов масовен напад. Украинската воздушна одбрана пресретна некои од руските цели, но имаше и удари. За време на рускиот ракетен напад одекнаа експлозии во Днипро и Одеса.

Во Днипро оштетени се станбена зграда и два инфраструктурни објекти. Во нападот загинаа две лица, а 15 се повредени.

Драган Мишев / Цивил Медиа

Днепро Одеса Русија Украина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.