Почнаа изборите во најнаселената држава во светот. Речиси 970 милиони регистрирани гласачи во Индија учествуваат во овој огромен процес кој ќе се одвива во седум фази и ќе трае шест недели.
Премиерот Нарендра Моди се надева дека ќе освои трет последователен мандат во земјата со 1,4 милијарда жители. Премиерот гласачите не го избираат директно, туку изборот се случува преку 543 пратеници на Лок Сабха, долниот дом на парламентот.
На изборитет учествуваат шест национални партии, 57 партии од индиските сојузни држави и 2.597 помали партии. Сепак, главната трка ќе биде меѓу двете најголеми политички партии во Индија: владејачката Индиска народна партија и опозицискиот Индиски национален конгрес (ИНЦ) или скратено Конгресната партија.