Делегација од 14 набљудувачи на Парламентарното собрание на Советот на Европа, ќе ги следи претседателските избори во Северна Македонија на 24 април.
Делегацијата практично ќе се приклучи на набљудувачите од Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права ОДИХР.
Најавено е дека набљудувачите на ПССЕ ќе се сретнат со претседателските кандидати, со членовите на Државната изборна комисија и со претставници на граѓанското општество, а ќе бараат средби и со медиумите.
Заедно со делегацијата во Скопје ќе допатува и експерт на Венецијанската комисија кој на делегацијата на ПССЕ ќе и` дава правна поддршка.