Багдад: Серија експлозии го разнеле штабот на Народниот фронт за мобилизација, ПМФ, на 50 километри јужно од ирачкиот главен град Багдад, а само неколку часа откако припадници на проиранските милиции лансирале беспилотни летала кон израелската воздухопловна база во близина на Багдад.
Според првичните информации што ги објавија медиумите во Ирак, најмалку еден член на Народниот фронт за мобилизација, проиранска милиција која е дел од ирачките вооружени сили, е убиен, а десетина биле ранети во нападот на неидентификувани авиони врз базата во близина на Багдад.
ПМФ веднаш ги обвини Американците за нападот, кои исто толку брзо одговорија дека коалициските сили во Ирак немаат никаква врска со оваа акција.