Скопје: 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на Претседателските избори на 24-ти април.
Заклучно до 19. април, акредитирани се 342 домашни и 568 странски набљудувачи и преведувачи, од кои најбројни се од ОБСЕ/ОДИХР. Изборите за шеф на државата ќе ги следат и 32 странски новинари, меѓу кои и од агенциите Ројтерс и Франс прес, како и бројни медими од соседните земји.
Седмите избори за претседател на Република Северна Македонија ќе се одржат на 24. април, а извесниот втор круг заедно со парламентарните на 8. мај.