Брисел: Европа е континентот што најбргу се загрева, предупредуваат експертите, затоплување со стапка далеку над глобалниот просек.
Извештајот на службата за следење на климатските промени на ЕУ „Коперник“ и Светската метеоролошка организација СМО, открива дека Европејците преку ден страдаат од невидена топлина, а навечер се под стрес поради непријатните горештини.
Стапката на смртност од топлина во Европа во последните две децении е зголемена 30 %. Истражувањата утврдиле и дека во 2022 година имало 70 илјади дополнителни смртни случаи поврзани со топлина. Последиоца се и кономските загуби кои се проценуваат на 13,4 милијарди евра.
Според извештајот, температурите во Европа биле над просекот 11 месеци минатата година вклучувајќи го и најтоплиот септември од почетокот на евиденцијата. Поради жештините и сушата, имаше големи пожари, кои ги опустошија селата и ги задушија жителите во градовите.