Published: Monday, January 26, 2015 16:12
Исламската држава е речиси целосно протерана од клучниот сириски град Кобани, соопштија претставници на Курдите, пренесуваат медиумите во светот.
Сириска опсерваторија за човекови права и курдскиот претставник Идрс Насан соопштија дека моментално се водат само спорадични борби во источниот дел на Кобани.
– Исламската држава е на работ на пораз, изјави Насан.
Борбите во Кобани траат од септември минатата година кога џихадистите заземаа речиси 300 курдски села и го окупираа половина град.
Воздушните напади на меѓународната коалиција на позиции на ИД почнаа на 23 септември минатата година. Над 80 отсто од воздушните напади во Сирија се извршени во и околу Кобане.
Насан изрази очекување дека градот Кобане ќе биде ослободен целосно до вторник.




