Published: Monday, January 26, 2015 20:27
Воениот грчки авион од типот Ф-16 паднал при полетувањето попладнево во Шпанија и досега има десет загинати лица и 13 ранети, изјави портпаролот на шпанското министерство за одбрана. Помеѓу ранетите лица има седуммина тешко повредени, додаде портпаролот.
Тој не прецизираше кое е државјанството на жртвите.
Воениот авион на грчката војска требал да врши маневри во рамките една воена вежба на НАТО и се урнал при полетувањето.
Падот се случил на пистата и авионот удрил во други авиони и ги убил луѓето кои биле внатре. Шпанските телевизии денес емитуваа неколку слики од несреќата на кои се гледа дека авионот гори и од него излегуваат густи црни облаци чад.




