Published: Tuesday, January 27, 2015 11:25
Денеска на јужниот дел од Франција, во околината на Монпеље се одвива голема полициска акција против џихадистите, јавуваат светските медиуми.
Според досегашните информации, упасени се најмалку пет лица осомничени за вмешаност во регрутирање на џихадисти, на кои им била одредена мерка притвор.
Француската полиција соопшти дека во градот на југ, Лунел, петмината организирале џихадистичка мрежа.
Лунел, градот во кој има над 25.000 жители, е веќе подолго време под лупа на анти-терористичките единици откако беше откриено дека минатата година шест Муслимани од градот биле убиени додека се бореле во Сирија.




