Published: Tuesday, January 27, 2015 11:37
Близу 30 милиони луѓе во североисточниот дел на САД се подготвуваат за големо зимско невреме што може да остави и до 90 сантиметри снег и да го закочи сообраќајот, пишува Гласот на Америка на македонски јазик.
Националната метеоролошка служба вели дека невремето, познато како „нористер“, ќе донесе голем снег, ветрови со ураганска јачина и широко распространети крајбрежни поплави до вторник.
Повеќе од 3.500 летови се откажани.
Официјални лица соопштија дека на меѓународниот аеродром Логан, во Бостон, услугите ќе бидат прекинати доцна во понеделник, а работата се очекува да продолжи подоцна во неделата.
Невремето ќе зафати област од Њу Џерси до канадската граница, вклучувајќи ги градовите Њујорк и Бостон каде се очекува околу еден метар снег.




