НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Уапсени група крадци на ретки книги

0
By Marija Todorovska on April 26, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

 Крадците кои краделе ретки први изданија на книги од класиката, од библиотеките низ Европа, од вчера се зад решетки. Се сомничат за исчезнувањето на најмалку 170 стари изданија, вредни вкупно 2,5 милиони евра и препродавање во Русија. Со тоа, книгите сега се изгубени и неповратни, според Европол.

Како што соопшти денеска Европската полиција, четворица Грузијци се приведени во Грузија и Лeтoнија. Некои од украдените книги се продадени преку аукциски куќи во Санкт Петербург и Москва. Од бараните, тројца други се уапсени во Естонија, Франција и Литванија, а уште двајца осомничени се под судски надзор во Франција. Утврдено е дека оваа група во текот на 2022. и 2023 година успеала да украде стотици ретки книги во Чешка, Естонија, Финска, Франција, Германија, Летонија, Литванија, Полска и Швајцарија. Крадците најчесто избирале книги од руски писатели, како Александар Пушкин и Николај Гогољ.

При испрашувањето на осомничените била откриена и една кражба што не е забележана претходно.

Во акцијата, спасени се и повеќе од 150 книги, што би ја имале истата судбина. Кражбите се вршени како по сценарио на филм.

Крадците влегувале во библиотека преправајќи се како „научни истражувачи“. Следи „објаснување“ дека „стручњаците“ сакаат лично да ги проверат старите дела оти „постои академски интерес“ за тоа. Сè изгледало како навистина „да ги проучуваат“ овие ретки и бесценети изданија, со мерење, фотографирање итн. Неколку недели или месеци подоцна „истражувачите“ повторно доаѓаат, барајќи ги истите книги. Но, овојпат носат фалсификувани примероци што во погоден миг ги вметнувале на местото на тукушто украдената книга. Копиите биле со исклучителен квалитет, па и потешко било да се откријат кражбите.

Имало и случаи кога крадците се решиле на погруб пристап. Тие, во тој случај, откако претходно ќе влезат и проучат предметот на кражбата, едноставно ќе упаднат во библиотеката и ќе ги земат книгите.

Меѓународната постапка почна откако Франција го извести Европол за кражбата во една од нејзините библиотеки. Потоа и други земји потврдија дека имало кражби на ретки изданија. Анализата на Европол ги поврза контактите на главните осомничени, а следи и обид да се идентификуваат потенцијалните купувачи.

библиотека ретки книги
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.