Published: Tuesday, January 27, 2015 14:10
Девет украински војници се убиени а околу 30 се ранети на источниот дел во Украина во поледните 24 часа, пренесува Ројтерс.
Најжестоки се борбите околу градот Дебалцев, во близина на Доњецк, кој е под контрола на про-руските сили.
Претставникот на Русија при ОБСЕ, Андреј Келин, вели ситуацијата не може да се нормализира бидејќи невозможен е дијалог помеѓу Доњецката Народна Република и Луганската Народна Република со Киев.
Украинскиот претседател Петро Порошенко вчера го одбил предлогот на рускиот претседател Владимир Путин, кој побара да се повлечат украинските вооружени сили од самопрогласените републики во Источна Украина.




