НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Претседателски избори 2024

0
By Zoran Ivanov on April 28, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Пендаровски: Нашата понуда е единствена која гарантира дека Македонија ќе оди напред

Велебрдо: Само оваа политичка опција од која сум јас дел, може да понуди Македонија да биде пристојно место за живеење, затоа што изминативе години, некој пат со мали чекори, но сепак одевме напред, порача кандидатот за претседател Стево Пендаровски пред граѓаните на населеното место Велебрдо.

Пендаровски посочи дека опозициската партија со себе носи опасност да ја врати државата назад во времињата на поделби, тензии и дискриминации.

  • Од страна на опозицијата претстои опасност, Македонија да се враќа назад, а таа опасност е уште пореална, затоа што гледаме дека се здружуваат луѓе кои имаат други планови за државата. Не зборувам за нова војна, зборувам за квалитет на живот. За жал, овие што сега сакаат да дојдат на власт, се истите од пред седум осум години а сите знаете дека во тој случај, шанси за вработување шанси за напредување во кариерите ќе има само за нивни членови. Тога во државата имаше две категории граѓани, нивни членови и сите останати. А јас отсекогаш сум тврдел, дури и кога не сум бил во политика, дека или ќе бидеме сите рамнправни или нема да има среќа за никого“ порача Пендаровски.

Тој пред присутните посочи дека во изминатите години и тој и другите членови од власта покажале, низ примери што значи вистинска грижа за сите граѓани, без разлика на каква била нивна определба.

  • Никој не бил дискриминиран по ниту еден основ, ниту од мене ниту од кој било друг, премиер, министер, градоначалник. Во нивно време беше поинку и сега сакаат да ја вратат таа стара политика. Затоа ве повикувам, на осми мај повторно со заокружување на бројот еден, да ја потврдите победата од првиот круг во ова населено место, а потоа и да ја донесеме победата во целата држава повика Пендаровски.

Могила

Силјановска Давкова: СДСМ и ДУИ никогаш нема да бидат тоа што сме ние

Могила: Денеска кандидатката за претседателка на Македонија, професор д-р Гордана Силјановска-Давкова, одржа митинг во Могила.

  • Се срамам кога гледам дека она што е гаранција за просперитетот на било која држава, ние го имаме но тие го крадат. Мислам на енергијата, мислам на водата, мислам на земјата, на земјоделието, рече пред граѓаните Силјановска Давкова.Јас не се плашам од дебата, ќе видиме што ќе дебатираат.  Но мислам дека, не само што се плашат од соочувањето туку и веќе немаат што да кажат. Нема пострашна работа од власт на заминување. Тие раскарани меѓу себе, секој ден се обвинуваат кој бил повиновен за состојбата во која што се наоѓаме. Па дури и смешни изјави даваат, дека грешеле, грешеле, ама им треба уште една можност. Демек да докажат дека не се тоа што се односно дека се тоа што сме ние.
  • Ама тие никогаш нема да бидат тоа што сме ние. Јас мислам дека на 8. мај ќе ни дозволите, со ваша помош, со ваш благослов, со божји благослов, да покажеме дека оваа земја има иднина. Дека оваа земја има капацитет да биде пристојна европска држава. Дека овој народ заслужува да биде горд на своите претставници. Дека оваа држава заслужува повторно да биде горда и ваша, рече претседателската кандидатка.

 

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.