Тбилиси: Илјадници луѓе излегоа синоќа во Тбилиси на протест против законот за транспарентност на странското влијание, кој ја загрозува прозападната политика на Грузија и аспирациите кон европска интеграција. Избил и мал конфликт со полицијата, јавуваат агенциите.
Колоната се протегала по главната улица, авенијата Руставели, на а Маршот за Европа во организација на невладиниот сектор и младинското движење учествувале претставници на опозицијата, граѓански активисти и граѓани.