Насилни инциденти се случија денес во Косово за време на протестот на кој повеќе илјади луѓе бараа оставка од министерот Александар Јаблановиќ за кој сметаат дека ги навредил Албанците. На протестот повеќемина лица беа ранети помеѓу кои четворица од редовите на полицијата.
Учесниците на протестот фрлаа камења врз полицијата која одговори со употреба на солзавец во Приштина. Ова е веќе втор протест. Првиот се одржа во саботата.
Јаблановиќ е Србин и министер за труд во косовската влада. Тој е еден од тројцата министри во владата на Иса Мустафа.
Министерот ја предизвикал лутината на Албанците откако ги нарекол “диви” манифестантите кои спречиле една група Срби да посетат еден манастир за време на божиќните празници пред две недели. Албанците кои ја спречиле посетата тврделе дека помеѓу групата Срби се наоѓаат “воени злосторници”.
Министерот јавно се извини но извинувањето не ја намали лутината на Албанците.
Манифестацијата денес беше во организација на националистичкото здружение Самоопределба. Учесниците се обиделе со сила да влезат во зградата на косовката влада во центарот на Приштина.




