НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

55 години од основањето на Министерството за надворешни работи

0
By Marija Todorovska on April 29, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Денеска министерот за надворешни работи, Бујар Османи, по повод одбележување на 29 Април, Денот на Министерството за надворешни работи на прес конференција ги наброи клучните достигнувања на дипломатијата во последните четири години. На 55 години, или повеќе од половина век, од создавањето и развојот на дипломатската служба, Османи ја истакна цврстата заложба и непоколебливиот стремеж на дипломатите за максимален придонес кон изградбата на нашата држава како отворено, културно богато, развиено и плуралистичко општество. Воедно, потенцира дека вистински успех е етаблирањето на државата во меѓународнaтa сцена како модерна и стабилна земја, успешен модел на функционална мултиетничка демократија, членка во сите важни регионални и меѓународни организации, земја која ги почитува меѓународните принципи и правила и земја која помага на другите земји при потреба.

“Во изминатите четири години направивме многу, како во однос на исполнувањето на главните стратешки приоритети во надворешната политика, така и во однос на реализацијата на нови проекти и иницијативи и со гордост можам да заклучам дека и покрај условеноста од комплицираните регионални и меѓународни случувања, успеавме Северна Македонија да ја поставиме на пиедесталот на меѓународната сцена како активен, доверлив и кредибилен фактор во глобални рамки“ истакна Османи.

Меѓу клучните достигнувања Османи ги издвои: почетокот на преговорите за членство во Европската Унија и целосната стопроцентна усогласеност со надворешната и безбедносна политика на ЕУ; Стратешкиот дијалог со САД; поддршката на Украина; заедничкото учество со сојузниците во мисиите предводени од НАТО долж Источното крило на Алијансата, во рамки на зајакнатото истурено присуство во Латвија, во Романија и во Бугарија.

Историјата на институција надлежна за надворешната политика започна на 29 април, пред точно 55 години, во Скопје, кога беа зачнати корените на дипломатската служба со формирањето на Бирото за односи со странство. По стекнувањето на независноста во 1991 година, ова исто тело прерасна во Секретаријат за односи со странство, за три години подоцна, конечно да се трансформира во Министерство за надворешни работи.

55 години Бујар Османи Минитсерство за внатрешни работи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.