Во март 2024 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити изнесува 5,50% и бележи месечно намалување од 0,02 п.п., додека на годишно ниво е зголемена за 0,46 п.п. Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 1,80% и забележа месечно и годишно зголемување за 0,04 п.п. и 0,69 п.п., соодветно.
Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити2 , во март, изнесува 4,98% изабележа месечно и годишно намалување од 0,37 п.п. и 0,28 п.п., соодветно. Просечната каматна стапка на новопримените депозити оствари месечен и годишен раст од 0,15 п.п. и 0,42 п.п., соодветно и изнесува 2,46%