Премиерот на Јапонија, Шинзо Абе вели последните закани на Исламската држава дека ќе ги обезглави заложниците, служи за презир.
Според агенцијата Бета, во Јордан се водат преговори во тајност, како би се ослободил, покрај Јапонецот, и јорданскиот пилот Муат ел Касесбех.
– Ваквото дејствување е достојно за презир до крајни граници, многу сме гневни и остро го осудуваме, изјави Абе за ултиматумот на Исламската држава, кој вели потребна е помош и од Јордан како би се ослободиле двајцата заложници.
Џихадистите на ИСИС во синожешната најнова порака, упатија ултиматум дека двајцата ќе бидат убени во рок од 24 часа, доколу не се ослободи Ирачанката која е осудена на доживотен затвор поради учестуво во терористички напад во 2005 година, при кој загинаа најмалку 60 луѓе.




