Владимир Путин му наредил на Генералштабот да се подготви за вежби за употреба на нестратешко нуклеарно оружје, соопшти Министерството за одбрана на Русија. Целта е да се зголеми подготвеноста на нестратешките нуклеарни сили за извршување на борбени задачи.
Во таа насока Генералштабот започна со подготовки за одржување вежби со ракетните формации на Јужниот воен округ а како одговор на провокативните изјави и заканите на одредени западни функционери против Русија, се наведува во соопштението.