Каиро: Хамас објави соопштение дека го прифаќа египетско-катарскиот предлог за прекин на огнот.
Врховниот лидер Исмаил Ханије ја пренел веста во телефонски разговор со катарскиот премиер и египетскиот министер за разузнавање.Предлогот уште не е објавен но се дознава дека во првата фаза е договорено 40 дневно примирје и ослободување на 33 заложници жени, деца, стари лица и болни,а во замена за стотици палестински затвореници.
Пртетходно денеска Израел најави офанзива насочена кон Рафах, најјужниот град Газа.