НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Портпаролката на руското МНР, Захарова, неформална шефица на неколку македонски портали за ширење руска пропаганда

0
By Marija Todorovska on May 7, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

ДРАГАН МИШЕВ / Цивил Медиа

во соработка со Мониторинг тимот на Цивил

УСЛОВ НА ЗАХАРОВА ЗА „МИРОВНАТА ФОРМУЛА“ Западот да престане да испорачува оружје за Украина, ЗАХАРОВА СЕ ЗАКАНИЛА НА БРИТАНИЈА: „Запомнете дека имаме нуклеарно оружје“; Захарова: Авторите на резолуцијата за Сребреница да го повлечат тој документ; ЗАХАРОВА: Секоја агресија врз Крим ќе биде проследена со силна одмазда; РУСИЈА ПРИЛИЧНО ОСТРО Ѝ СЕ ЗАКАНИ НА ЕДНА СВЕТСКА ВЕЛЕСИЛА – „Ве очекуваат катастрофални последици“… ова се насловите кои последнава недела ги окупираа страниците на неколку македонски медиуми, повеќето докажани поддржувачи на политиката на Путин и на руската агресија врз Украина.

Во улога на измеќари на руските пропагандисти, овие медиуми некритички ги пренесуваат соопштенијата на руското МНР и отворените закани на неговата портпаролка, Марија Захарова со нуклеарно оружје кон Британија, и со разорувачки одмазднички удар врз западните сојузници доколку го поддржат нападот (за деокупација) на Крим, при тоа заборавајќи дека Северна Македонија е членка на западната Алијанса, и меѓу оние држави кој ја поддржуваат и помагаат Украина во нејзината праведна борба за ослободување од рускиот окупатор.

Антизападните соопштенија и закани од страна на руските пропагандисти и функционери кои зачестија особено по одобрувањето на пакетот странска помош во висина од 60 милијарди долари од САД за Украина и британските најавати за испраќање на ракети со долг дострел за украинската одбрана, наидоа на некритичко пренесување во македонскиот интернет простор од страна на посочените проруски медиуми.

Во пренесените текстови, извршителите на нарачките од руските нарачатели, никаде не спомнуваат дека нападот на Крим, е всушност украински обид за ослободување на привремено окупираниот полуостров Крим, кој руските агресори го окупираа (анектираа) во 2014 година, и дејствијата кои ги презема Украинската војска во таа насока се нејзино легитимно право за деокупација на својата територија.

Исто така, при пренесувањето здраво за готово, како апсолутна вистина на руските тврдења и закани за доставувањето и употребата на западното оружје за одбрана на Украина, при што се занемарува фактот дека Русија, во терористичките напади врз украинските градови и цивилната инфраструктура користи оружје од иранско, северно корејско производство и кинеска технологија.

Дополнителни, овие македонски медиуми, во трката кој ќе пренесе повеќе и побомбастични соопштенија од руското МНР, забораваат дека истото тоа МНР, министерот и портпаролката ја прогласија Северна Македонија како непријателска држава, легитимна цел на евентуална руска одмазда.

Најчесто, веќе традиционално, како што многупати досега нотираше Мониторинг тимот на Цивил, вестите кои се создадени во руските пропагандни кујни се преземени од српски портали.

Исто така, во содејство со српските колеги по русофилство, со копипејстирање на содржини во кои се глорифицира улогата на Русија во одбрана на српството преку негирање на геноцидот и резолуцијата за Сребреница, одат во спротивна насока со македонските ставови како коспонзори на резолуција во ОН.

Следејќи ги објавите на овие медиуми, се добива впечаток како Северна Македонија да е некоја зафрлена покраина во Руската Федерација и дека нивна (неформална) шефица е портпаролката на руското МНР, Захарова, а не суверена држава, членка на НАТО и кандидат за преговори за членство во ЕУ, што е всушност и целта на руската пропаганда.

Захарова Руско МНР
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.