Published: Thursday, January 29, 2015 13:28
Владата на Малезија и официјално го прогласи исчезнувањето на авионот на Малезија Ерлајнс лет 370, како несреќа, а сите патници и членови на екипажот се претпоставува дека се загинати. Сепак најавија дека потрагата по исчезнатиот Боинг 777 ќе продолжи.
Ова го соопшти денеска директорот за цивилна авијација Азарудин Абдул Рахман.
– Со длабока тага и жалење, во име на Владата на Малезија, официјално го прогласувам авионот на Малезија Ерлајнс лет 370 за несреќа, а претпоставуваме дека сите патници и членови на екипажот дека се загинати, рече тој.
Авионот исчезна од радарите на 8.март 2014 година, откако леташе од Куала Лумпур до Пекинг.
До сега нема ниеден официјален доказ што би можел да ја прошири или конкретизира истрагата.




