НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Политико“: Изборните резултати може да ја искомплицираат амбиција на Северна Македонија за влез во ЕУ

0
By Marija Todorovska on May 9, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Конзервативната партија ВМРО-ДПМНЕ во Северна Македонија треба да се врати на власт по седум години, постигнувајќи голема победа на вчерашните парламентарни и претседателски избори, наведува бриселскиот портал „Политико“ во освртот на изборните резултати.

– Ваквиот исходот се очекува дополнително да ја искомплицира долгогодишната амбиција на Северна Македонија за пристапување во Европската Унија, како и нејзините односи со соседните Бугарија и Грција, оценува порталот.

Во текстот се посочува дека иако извојуваа убедлива победа, конзервативците ќе треба да формираат коалиција за да обезбедат мнозинство во 120-члениот Парламент, бидејќи според првичните резултати имаат 59 пратеници.

Во исто време, додава порталот, претседателската кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Сиљановска Давкова ќе стане првата жена носител на функцијата претседател на државата, која е главно церемонијална.

„Политико“ потсетува дека во 2018 година земјата постигна историски договор, менувајќи го името и Уставот и ставајќи крај на деценискиот спор со Грција, што и овозможи да влезе во НАТО во 2020 година.
Меѓутоа, додава порталот, во последните две години, Бугарија ја блокираше кандидатурата на Северна Македонија за ЕУ, барајќи да се измени нејзиниот Устав „за да се признае бугарското малцинство во земјата“.

– Гласачите во малата балканска земја со два милиони жители изразија фрустрација поради корупцијата, бавното темпо на реформите и бавниот напредок на кандидатурата на Северна Македонија за влез во Европската унија, заклучува „Политико“ во текстот посветен на вчерашните двојни избори во земјава.

избори Политико
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.