Политичкиот аналитичар Висар Адеми во интервју за Слободен печат го оцени синоќешното обраќање на Христијан Мицкоски.
,,Мицкоски во еуфорија цело време се кара од дистанца со ДУИ што не му е баш паметно, затоа што тој како премиер во доаѓање има многу работи со кои треба да се занимава како инфлација, корупција итн. Но она што ми остави впечаток е што уште од првата вечер почна да зборува за апсења. Ние имам пак враќање и излив на емоции од едно време кое не е многу далечно и партија која беше држава партија како во времето на Груевски каде партијата беше поважен фактор од институциите” рече тој.