„Можам да најавам еден финансиски пакет, соработка влада со влада, во вредност од една милијарда евра со исклучително поволни услови“, рече Мицкоски на Канал 5.
Мицкоски рече дека станува збор за кредит од друга држава под многу поволни околности. Тој најави и неколку инвестиции од кои едната во енергетиката вредна 400-500 милиони евра.