Најмалку 27 припадници на безбедносните сили се убиени во низа напади на египетскиот огранок на Исламската држава. Повредени се околу 60, меѓу нив и цивили.
Се работи за четири напади кои се случија во Северен Синај и Суец.
Поранешната екстремистичка група Ансар Бејт ал-Маркдис, го промени своето име во Синајска провинција откако даде заклетва пред каузата на Исламската држава.
Еден автомобил-бомба експлодирал пред воена база а неколку ракети се испукани на хотел, полициска станица и неколку контролни пунктови, пренесуваат светските агенции.
Огранокот на Исламската држава е одговорен за низа напади врз полицијата и војската во тој регион веќе неколку години наназад, особено по падот на претседателот Мохамед Морси.
Според претставници на египетските власти, бројот на жртви би можел да се зголеми бидејќи стравуваат дека има затрупано неколку луѓе под рушевини.




