Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Југоисточниот регион е подготвен за циклонот Давид

0
By Томе Христов on January 30, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, January 30, 2015 16:20

Граѓаните и стручните служби се подготвени за новиот бран на врнежи, најавен од страна на синоптичарите кој се очекува да надојде вечерва. Од општина Струмица велат дека од денеска општинскиот штаб за заштита и спасување целосно ќе ги презема активностите кои се случуваат во регионот, бидејќи досегашните активности од страна на Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за кризи не се доволни за да помогнат при евентуалните поплави.

„Вклучена е целата механизација што е на располагање на територијата на општина Струмица, а упатена е и дополнителна поради недоволното ангажирање од страна на Дирекцијата за заштита и спасување, вели Кирил Парталов, командант на општинскиот штаб.

Од општината изјавија дека активностите кои се случија претходните денови кога беа поплавени неколку населени места биле превентивни и не можат да овозможат целосна сигурност на граѓаните на Струмица.

„Дополнително се испратени вреќи и песок , а ангажирани се и дежурни лица кои ќе бидат во комуникација со општинскиот штаб за заштита и спасување при општина Струмица“, истакна Парталов.

Во населените места во струмичко кои најмногу беа погодени од поплавите во изминатите денови, велат дека денеска се работи на терен со механизација и дека населението е подготвено за евентуални нови поплави.

Празнење на одредена количина на вода од 3 милиони метри кубни е извршено и во радовишкиот регион, со што е ослободен простор за излевање на водата во браната Мантово.

„ Исто така на потегот кај Конче има две мали езера со капацитет од околу 240 000 метри кубни, па и таму е извршено празнење за изливање во реката Конечка“, вели Драган Чачаров, од Водостопанство Радовишко поле.

Извршени се и одредени зафати од страна на општината кај две-три радовишки реки кои се клучен фактор за сливање во реката Струмешница, што прави најмногу проблем во струмичкиот регион, велат од Радовишко поле.

Од таму додаваат дека е потребно да се работи во континуитет, а не само во моменти кога се соочуваме со проблеми.

И во гевгелискиот регион се подготвени за најавите за новите дождови во наредните денови.

„Во Гевгелија се ангажирани седум градежни фирми на повеќе критични места, а информирано е и месното население, вели Тихомир Теникиџиев, од Водостопанство Јужен Вардар.

Од таму додаваат дека браната во Богданци е стабилна иако одамна е истата прелеана со 14м3, но како што велат нема место за паника бидејќи максимумот може да биде 160м3.

Во Валандово најголеми проблеми имало на мостот во Мрвинци, но и таму надлежните уверуваат дека состојбата е стабилна.

Од Јужен Вардар посочуваат дека ако пак надојдат големи дождови, водата ќе се излее повторно на критичните места каде што не може да се влезе со градежна механизација.

Според синоптичарите се очекува да наврне од 40 до 60 литри дожд на метар квадратен.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.