НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дрекслер: За позиционирањето како доверлив меѓународен партнер за идната влада е важно да нема сомнеж за почитувањето на обврзувачките договори

0
By Ана Василевска on May 17, 2024 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Преспанскиот договор е обврзувачки според меѓународното право. Тој важи и Северна Македонија е обврзана на него. Мислам дека е многу важно за позиционирањето како доверлив партнер во меѓународната заедница да не се појави сомнеж дека обврзувачките договори според меѓународното право ќе бидат почитувани и од идната влада, вели германската амбасадорка, Петра Дрекслер во интервју за „360 степени“.

Амбасадорката нагласува дека двете земји имаат сигурно партнерство на сите нивоа, се сојузници во НАТО и дека Берлин сака да има блиска соработка и со идната влада, но како што посочи, ќе биде важно дали таа ќе ја продолжи јасната стратегиска насока во надворешната политика на земјата и дека решително и доверливо ќе ги спроведе потребните чекори на патот кон ЕУ.

Во врска со најавите на ВМРО-ДПМНЕ, која победи на изборите и преговараа за формирање нова влада, дека нема да прифати уставни измени под овие услови, но и за тоа дали ЕУ поради неиспорачувањето кон земјава е одговорна за ваквата општествена атмосфера, Дрекслер нагласува дека Германија е свесна за големите напори што Северна Македонија веќе ги презела во пристапниот процес кон ЕУ.

-И да, можам да разберам дека искуствата од овој процес имаат последователен ефект во општеството. Сметам дека ќе стане проблем тогаш кога скепсата ќе премине во резигнација. Понекогаш имам впечаток дека довербата во ефикасноста на политичкото дејствување во земјата во целина е ниска. За да се поврати таа доверба, за оние што во иднина ќе ја понесат политичката одговорност за земјата, ќе треба најавените реформи и ветувања сега паметно и енергично да ги претворат и во дела, вели таа.

За најавите на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе бара промена на условите и гаранции дека нема да има блокади за идентитетски прашања во текот на преговорите за членство за да поддржи уставни измени рече дека германската страна постојано предочувала дека го цени македонскиот идентитет, македонската култура и македонскиот јазик, а тоа со резолуција го нагласил и Бундестагот минатата година.

-И мислам дека токму преку пристапниот процес со ЕУ, македонскиот јазик доби особено на значење и надвор од своите граници. Истовремено, исто така, е јасно – Северна Македонија со сите земји членки на ЕУ се спогоди за Преговарачката рамка за пристапните преговори со ЕУ. Оваа Преговарачка рамка е утврдена и тука спаѓа и спроведувањето на уставните промени, нагласи Дрекслер.

Петра Дрекслер Преспански договор
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.