Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Адеми: ДУИ има капацитет да предизвика институционална криза

0
By Zoran Ivanov on May 18, 2024 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, May 18, 2024 10:16

Постизборната коалиција меѓу ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ е сè поверојатна, впрочем желба за тоа има на двете страни.

Елена Гаговска и Афије Шерифи

Меѓутоа, неизвесно е што ќе договорат потенцијалните коалициски партнери околу темите за кои во предизборието имаа различни, па дури и спротивставени ставови, како што се внесувањето на бугарската етничка заедница во Уставот, замената на терминот „јазикот што го зборуваат 20 проценти од граѓаните“ во Уставот со „албански јазик“ и судбината на балансерот за вработување во администрацијата.

Исто така, неизвесно е како во целата ситуација ќе се постави ДУИ, која во моментов има повеќе пратеници од „Вреди“.

На овие теми разговаравме со Висар Адеми, економист и аналитичар, кој ги следи случувањата на македонската политичка сцена.

БИРН: Земајќи ги предвид различните ставови за клучни прашања, како на пример за уставните измени, можен ли е договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Вреди“ за формирање влада, и ако е можен – како и врз основа на кои принципи тој би бил постигнат?

Адеми: Првата работа што ВМРО-ДПМНЕ треба да ја исполни е условот што го поставува, не само коалицијата „Вреди“, туку и другите албански партии: да се усвојат уставните измени и со тоа да се внесе бугарската етничка заедница во Уставот. „Вреди“ има уште еден услов. Терминот „јазикот што го зборуваат 20 проценти од граѓаните“ во Уставот да се замени со „албански јазик“.

Не мислам дека ќе се укине балансерот, тоа е активност што произлегува од Охридскиот рамковен договор и не се однесува само на Албанците, туку важи и за сите етнички заедници што живеат во Македонија.

Во институциите сè уште има дискриминација и балансерот служи како механизам за превенција од такви случаи.

БИРН: ДУИ сега е втора партија, според бројот на пратеници, и веќе покажува револт што не се преговара прво со нив за новата влада. Што може да прави партијата на Али Ахмети, можни ли се протести или некакво повторување на 2006 година?

Адеми: Не верувам дека ќе има протести. Но, има една друга работа што малку се споменува. ДУИ е на власт во последните 22 години и има изградено човечки, финансиски и логистички капацитети, со чија помош може да ги бојкотира институциите на системот, ако ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“ формираат влада.

Членовите и партиските активисти на ДУИ се интегрирани во системот и во институциите, и ако тие ги бојкотираат сите законски решенија и активности, тогаш можеме да имаме некаков вид институционална криза.

Но, една работа е веќе јасна.

Во меѓувреме, поради лошите политики, и на македонските, и на албанските политичари, многумина се иселија, па тука остана да живее една четвртина од младите. Мислам дека веќе никој во оваа држава нема да протестира или да војува за луѓе што се корумпирани и кои во име на етнички проблеми ја полнат својата банкарска сметка.

БИРН: Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави милијарда евра кредит во директен договор со странска влада. Кое е вашето мислење, зошто вака голем заем не беше комунициран со гласачите во кампањата, со оглед дека таков кредит може да има економски и геополитички импликации?

Адеми:Не гледам друг извор на овие пари, освен Кина или Русија. Но, изворот ќе го дознаеме многу бргу, кога Мицкоски ќе ги соопшти плановите. Мислам дека секаква друга алијанса што не е европска, што не е прозападна и што не е про-НАТО е многу опасна за опстојување на државата.

Ова е голем и опасен чекор што може да создаде јаз меѓу Македонците и Албанците што сакаат интеграција во Европската Унија и не се согласуваат со политиките на Мицкоски и другата, радикална страна, која мисли дека некој вид панславјанско или христијанско сојузништво со Србија и со Русија може да биде иднината на Македонија.

Мислам дека првата група е многу побројна и знаеме дека без помошта на Европската Унија и нивните институции досега ќе ја немаше и државата. Линк

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026

ХЕРА: Здравјето и безбедноста на децата не смеат да бидат жртва на идеолошки притисоци

November 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.