НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Јанкулоска: За прв пат обид за државен пуч, задоволни сме од доказите

0
By Нова ТВ on January 31, 2015 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Лицата од акцијата на МВР наречена „Пуч“, организирано дејствувале за по нелегален пат да извршат притисок врз Премиерот, изјави во вестите на Сител, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

– За првпат во историјата на независна Република Македонија истражните органи спречуваат обид за насилно уривање на уставниот поредок. Во кривичната пријава опфатени се четири лица на кои им се ставаат на товар кривични дела шпионирање, насилство врз највисоки претставници на државни институции и кривично дело помагање. Тоа се лица кои организирано дејствувале на употреба на одредени информации по нелегален пат за да извршат притисок врз претседателот на Владата на Република Македонија, наметнувајќи свои барања надвор од законските процедури да се формира техничка влада, ијави Јанкулоска.

Таа рече дена утрово добиле наредба за претрес на локација во Струмица, кој не бил деловен простор или дом поврзан со Зоран Заев.

Во однос на инволвираноста на Заев таа вели, му се става на товар делото насилство врз највисоки претставници на државни институции.

– Ова лице во 4 наврати на негово барање остварил средба со претседателот на Владата на Република Македонија од септември до ноември и на тие средби заканувајќи се со обелоденување на информации кои може да нанесат штета на поединци на високи државни позиции настојувал да издејствува промена на составот на Владата на Република Македонија надвор од демократски предвидените процедури и предвремени парламентарни избори, изјави Јанкулоска.

Министерката потенцираше дека се постапува по сите наредби од надлежните органи и зависно од текот на настаните ќе се постапува по сите добиени насоки.

– Ценејќи дека анализата на документите во форма на електронски записи кај првоосомничениот се документи кои се со класифицирана содржина, но и со податоци за следење на комуникации на незаконски начин, станува збор за нелегално прибавување на информации, бидејќи на ниту еден легален начин не можел и не смеел да ги поседува. Задоволни сме од материјалните докази во прилог на кривичната пријава и оставаме органите да одлучат по основ на силината на документите, дополни таа.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.