Исламската држава објави снимка од погубувањето и на вториот јапонски државјанин, новинарот Кенџи Гото.
Снимка трае 76 секунди и е слична на оние коишто се ширеа по социјалните мрежи по секое јавно погубување на странски заробеник. Јапонецот е облечен во портокалова затворска униформа и џихадистот го убива по краткиот говор.
– Јапонската Влада, како и нејзините глупави сојузници од сатанистичката коалиција сѐ уште не разбрале дека ние сме Исламски калифат со авторитет, дека сме војска која сѐ е уште жедна за вашата крв, вели маскираниот терорист во видеото.
Гото е заробен во обидот да издејствува ослобудување на Јапонецот Харуне Јукаве, кој е убиен пред една недела. Јапонската влада стапи во контакт со џихадистите, меѓутоа не успеа да се договори со нив.
Терористот во видеото му се обраќа на јапонскиот премиер Шинѕо Абе.
– Абе, поради твојата одлука да учествуваш во војната која твоите сојузницие нема да ја добијат, овој нож нема да го заколе само Кенџи, тој ќе носи колеж каде и да налетаме на ваши луѓе. Па, нека почне ноќната мора за Јапонија, вели џихадистот кратко пред да го убие новинарот.
За разлика од претходните вакви случаи, кога џихадистите не сакаа да преговараат за ослободување на заробениците, Гото беше на чекор од слободата. Исламската држава бараше размена, сакаше од јорданскиот затвор да биде ослободена една жена која се смета за одговорна за масакарот во Јордан 2005 година.
Исламските терористи во неколку наврати ги менуваа условите на преговорите, по апсењето на Гото бараа 200 милиони долари за да ги пуштат двајцата Јапонци, а по убистовото на првиот бараа размена.




