Францускиот парламент повика на укинување на ограничувањата за нападите на Украина на територијата на Русија со оружје предадено од Франци
Ваков повик до властите во земјата упати претседателот на Комитетот за надворешни работи на француското национално собрание, Жан-Луј Бурланж.
Политичарот напиша писмо до француското раководство во кое повика да се напушти „воздржаноста и да се донесе одлука“ по примерот на Британија која им дозволи на украинските трупи да нападнат со своето оружје на руската територија.
Се чини дека дојде време… Правото на самоодбрана го исклучува правото на неповредливост на територијата на агресорот, нагласи тој и додаде дека промената на доктрината ќе биде апсолутно легална, бидејќи ќе стави крај на асиметријата меѓу агресорот и жртвата.
Во исто време, Бурланж нагласи дека ниту Франција, ниту другите западни партнери на Украина не се подготвени да војуваат со Руската Федерација.